Шокантни обвинувања од уставен судија до Пендаровски и Бесими за закани и застрашување кон уставните судии (ДОКУМЕНТИ)

Претседателот Стево Пендаровски и министерот за финансии Фатмир Бесими вршеле влијание и се заканувале на членовите на уставниот суд на Македонија пишува во својата најнова книга уставниот судија д-р Дарко Костадиновски.



Според објавеното во неговата книга ,,Лојалност кон уставот – Толкување
на уставот” претседателот Пендаровски и министерот Бесими во своите јавни настапи вршеле дејствие што е недозволиво согласно домашната и меѓународната правна практика.

Судијата Дарко Костадиновски во својата книга [од страна 49- до страна 51] го наведува Стево Пендаровски како негативен пример за влијание, закани и омаловажување кон уставните судии.

Пендаровски според Костадиновски има очајно ниска политичка култура.

Судијата за Бесими пишува дека вршел застрашување на уставните судии во врска со законот за банките.

Костадиновски го споменува Собранието односно мнозинството во него кое цели две години не гласало нови членови на уставниот суд со цел да ја ограничи неговата работа.