Урош Првуловиќ, 28-годишен српски доброволец, загинал во борбите за Бахмут како платеник на руската приватна воена компанија „Вагнер“, а неговото тело е пронајдено пред десет дена, пишува „Слободна Далмација“.
Првуловиќ како доброволец од Србија дошол во Луганск во 2014 година и станал член на Седмата бригада, бил ранет, па ја напуштил војската, но се вратил на боиштето во Украина по почетокот на „специјалната воена операција“ како член на „музикантите“ на Евгениј Пригожин. Во меѓувреме се оженил со Русинката Елена Бондаренко, со која има дете, но тој брак завршил со развод.
Урош учествувал во борбите кај Дебалцево, Светлодарск, селото Луханск, Северодонецк, Лисичанск, Попасна и на фронтот кај Бахмут.





