Зошто Бектеши не го кани Мицкоски во сите фирми на Шкумбин, синот на Али

Од непознати причини министерот за економија Крешник Бектеши не го кани Мицкоски во сите фирми на Шкумбин, синот на Али Ахмети.



Бектеши денеска како да му е адвокат на Ахмети јавно го покани Мицкоски заедно да отидат во фирмата на неговиот син во Кичево за да му покажел документи за работа на фирмата.

Зошто Бектеши не сака да ги однесе Мицкоски и новинарите во другите фирми кои вртат многу поголеми пари не е јасно.

Според Бектеши синот на Али, Шкумбин е архитект е, има студио, прави цртежи и работи со Швајцарија.

За другите фирми кои прават големи пари а ги има синот на лидерот на ДУИ Бектеши молчи.

Министерот и сограѓанин на Ахмети од Кичево ги заборава фирмите кои според податоците кои се во централниот регистар, а кои ги објави КОД, ги поседува синот на Али Ахмети.

Шкумбин покрај фирмата „Архитектас пројект студио- Зајас“ има и неколку фирми за производство и продажба на електрична енергија.

Но таму Бектеши не го покани Мицкоски. Знае дека документите од тие фирми се спорни или за тоа не добил дозвола од партискиот шеф?