По цел месец пуштен дел од патот на влезот на Охрид

По безмалку едномесечно затворање на главната сообраќајна артерија од Подмоље до влезот на туристичкиот центар, денеска оваа делница од магистралниот пат Охрид-Кичево е пуштена за редовен собраќај, но само едната коловозна лента – пренесе Алфа.



На седумте километри од Подмоље до влезот на Охрид се работеше 25 дена, а до последен момент се поставвуваше патна сигналчизација. Не е поставена нити еластичната ограда на која што всушност и се чекаше. Од СВР со апел до возачите да ја прилагодат бризината спрема условите на патот.

Денеска се појавил и министерот за транспорт и врски Бочварски чија посета не беше најавена за медиуми. При последната посета тој увериваше дека до крајот на годинава ќе биде пуштен во употреба патот Кичево –Охрид кој се гради безмалку една деценија,а требаше да биде готова во 2018-та.

Клучката кај охридскиот аеродром е раскопна цели три години, а поради рекострукцијата на делницата од Подмоље до Охрид бидејќи немаше пристап, престана да работи еден од најстарите хотели лоциран на влезот во Охрид, а големи се загубите и на останатите бизниси. Што се одесува до патот Кичево-Охри, вицепремиерот Груби неодма рече дека неговото завршување ќе биде на крајот на годината или на пролет догодина, ставајќи го под знак прашалник завршувањето на овој проект во предвидениот рок што отвора простор и за нов анекс на договорот. Се шпекулира дека експресно биле сменати и членови од надзорниот орган за изградба на патот.