Министерот Лога ќе пушта ново упатство за двојазичност – Уставен суд само купувал време

Министерот за правда Кренар Лога смета дека времената мерка која Уставниот суд ја донел за упатството ќе биде беспредметна и наскоро ќе биде изработен прочистен текст. Тој, одлуката на Уставен ја оцени како „купување време“.



– За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството кој ќе биде деновиве пуштен за објавување. Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога денеска на прес-конференција.

Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор.

Министерот за правда Кренар Лога во врска со последните случувања на релација Уставен суд-Министерство за правда и воведувањато на времена мерка и на прашање во врска со наводите дека Министертоство не го испочитувало рокот за иницијативата и уставниот рок за упатството.

– Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став.  Од утре, сите подзаконски акти ќе бидат доставени до Уставен суд од моја страна, рече министерот Лога.