,,Во уста да ве е..м, корумпирани пи*кетини“, Јакимовски под притисок од граѓани за згради што ќе уништат детски парк (ВИДЕО)

Пцовки, дерење и туркање пред почетокот на седницата на Општина Карпош во зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент, јавува агенцијата Макфакс.



„Во уста да ве е*ам пи*ки едни, корумпирани пи*кетини“, викаше изреволтиран граѓанин.

„Тргни се да поминам, ќе ти ја скинам главата“, се закани друг жител.

„Кој си ти да ми кажеш тргни се да поминам. Не се прави многу паметен, кој си ти“, додаде тој.

Според жителите од Карпош кои протестираат, со ДУП-от ќе се уништи целиот комплекс спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ – паркот со фонтаната и игралиштето за деца.

Жителите на Карпош се гневни, велат властите ќе уништат парк, за да никнат згради.

По притисокот од граѓаните градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.

Целата сторија во видеото на Макфакс