Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески предложи наместо УЈП да објавува црна листа за тоа кој не плаќа данок, да почне да објавува бела листа, која ќе покаже кој го полни буџетот. Вели малку да поработи за доброто на бизнисите.
- – Апел мој е тоа што често сме го барале а не се реализирало. Еве уште еднаш бизнис заедницата бара да се објави бела листа, за да се види кој го полни буџетот и кој е најодговорен дури и во вакви услови, рече претседателот на Стопанската комора на презентацијата на наодите од анализите за сивата економија.

Посочи и дека е крајно време да се најде решение за овој сериозен проблем, кој за жал кај нас е се поголем и го руши пазарот на труд. Бизнисот алармираше дека е неопходен национален консензуз меѓу фирмите и државните структури и сите релевантни фактори со кој ќе се обврзат во наредните 10 години развивањето на економија, не само на политичките случувања кои само придонесуваат за поделби. Економијата, рече, е на прво место во земјава, ако сакаме успешна држава.





