Има ли вицепремиерката Грковска храброст да го казни министерот Бектеши за фирмата на синот на Ахмети?

Има ли доблест и храброст вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска да го санкционира министерот Бектеши за јавна промоција и одбраната на фирмата на синот на Али Ахмети?



Ова е логично прашање за вицепремиерката која во владата е одговорна за добро владеење откако министерот за економија Крешник Бектеши јавно го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да одат во фирмата на Шкумбин, синот на Али Ахмети за да му докажел дека нема криминал.

Според законот за влада и владиниот етички кодекс членовите на владата ги застапуваат само интересите на владата и граѓаните а не и контроверзните фирми на синовите и внуците на партискиот шеф на ДУИ или друга партија.

Грковска која предходно беше најблаго кажано млака при користењето на државни ресурси за партиски потреби од Бујар Османи и Артан Груби има две опции:

– да остане запаметена како вицепремиерка која нема храброст да ја работи единствената работа која и е доверена и во иднина да биде кривично гонета за непостапување по закон и вицепремиерски ингеренции

– да покрене постапка за санкции кон Бектеши кој платен од владата врши приватни работи за својот партиски шеф и колку толку да си ја спаси својата разнишана етичка и професионална кариера

Што направи Бектеши како член на владата

Огромна нервоза и грешка на членот на кичевската група на лидерот на интегративците

Министер на ДУИ или адвокат на кланот Ахмети, што ли мисли Бектеши со поканата до Мицкоски за фирмата на синот на Али?