Русија очекува Украина вечерва да ја нападне нуклеарната централа Запорожје, соопштија официјални лица.
По обвинувањето на претседателот Зеленски дека руските сили поставиле експлозиви на покривот на нуклеарната централа Запорожје, руски нуклеарен експерт сега тврди дека Украина ќе изврши напад врз објектот подоцна вечерва.
Двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за гранатирање околу електраната, а неодамна и за планирање постојани напади врз електраната – најголема од ваков вид во Европа, пренесува Ројтерс.
Зеленски предупреди дека руските сили поставиле „предмети што личат на експлозив“ на покривите на нуклеарната централа Запорожје. Повикувајќи се на украински разузнавачки служби, Зеленски тврди дека сомнителни предмети биле поставени на покривот на неколку енергетски единици на електраната што моментално ги држи Русија.
Ренат Карча, рускиот советник за нуклеарна енергиу, веднаш откако претседателот Зеленски го предупреди францускиот претседател Макрон дека заканата од напад на централата е многу реална, со контра-тврдење:
„Под превезот на ноќта на 5 јули, украинската армија ќе се обиде да ја нападне станицата Запорожје користејќи прецизна опрема со долг дострел и беспилотни летала за напад на камикази“, ја цитираат руските новински агенции изјавата на Карча за руската телевизија.
Минатиот месец, Рафаел Маријано Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) оценуи дека дека „секој принцип на нуклеарна безбедност е прекршен“.
„Она што го имаме овде со военото учество е многу тешко… Ако се соберат повеќе катастрофални фактори, може да биде можна експлозија“, Рос Пил, менаџер за истражување и трансфер на знаење за Центарот за наука и безбедносни студии на Кралскиот колеџ во Лондон.
„Тешко е да се каже дали тоа ќе се случи и кои се можните последици од тоа, какви би можеле да бидат тие. Зависи како ќе дојде до експлозијата“, рече Пил.
Експерти предупредуваат дека веднаш по експлозија, веројатниот резултат ќе биде широко распространета евакуација за да се избегне невидливиот радиоактивен облак.
Сепак, ефектот од истекување на радијацијата веројатно ќе се чувствува со години.







