Премиерот Заев смета дека со оставките на професорите Гордан Калајџиев и Мирјана Најчевска кои оббвинија за нерегуларности и злоупотреби, се надминати проблемите во Советот за реформи за правосудството.
Во интервју за порталот мкд.мк премиерот не ги коментира нивните оставки и причини поради кои тие си дадова оставка а не дава одговор ниту на обвинувањата на професорот Фрчковски кој објави дека една група со византиски игри сака да доминира и да решава за правецот во кој ќе се движат реформите во правосудството од кои што во најголема мера зависи датумот за преговори за членство во ЕУ.
-Верувам и знам дека меѓу судиите има сериозен дел што се спремни и чесни. Во амбиент кога се подготвува и се спроведува реформа, чесните ќе се приклучат. Ги следев сите реакции од членовите на Советот за реформи во правосудството и како што сум информиран, проблемите се надминати, но истовремено ги знам и причините за манифестираните реакции.
И знам дека може и подобро, а тоа е можно само ако се зголеми напорот, ако им се посвети повеќе внимание на ставовите на другиот, на различните мислења. Во таа насока, за да се интензивира спроведувањето на реформите, лично како премиер одлучив да основам Совет за спроведување на стратегијата за реформите на правосудството, тело што ќе помогне да се растовари обемот на ангажманот што падна врз Советот за реформи при Министерството за правда.
Дадена е можност за работа, можност за исправање една голема грешка што ни се случи, а ја плаќаме прескапо – партизацијата на судството. Без независно судство тешко дека ќе се врати довербата во институциите. Треба да ги вклучиме сите заинтересирани, да ја има дебатата, здрава дебата, за да се продуцираат квалитетни решенија што ќе дадат конечна реализација на целта што ја сакаме – независно правосудство“, вели Заев за МКД.МК





