Синдикатот во тешка мисија: Функционерите сакаат ново покачување од септември

„Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на највисоко работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.



Трендафилов, вечерва во емисијата „24 отворено“ рече дека утре, на барање на министерот за финансии, треба да се одржи состанок на ниво на министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации, на кој ќе се разговара за надминување на несогласувањата околу покачувањето на платите во јавната администрација.