-“Да живее Македонија и живее, никогаш нема да умре да знаат сите што се во Македонија, ние во светот сме Македонци, а овде не бришат во Македонија, не може така. Ова денеска многу ме бендисува, затоа што гледам дека Македонија од ново се раѓа, македонскиот народ се крена, се осознај и нема веќе страв. Ние бранејќи го Тони Менкиноски се браниме себе си, ова знаме е на сите македонци, ова знаме значи љубов, гордост, постоење, опстанок, иднина” велат анкетираните охриѓани кои со протест пред охридскиот суд му дадоа поддршка на адвокатот Менкиновски.
Со развиорени знамиња, во еден глас пеејќи ја македонската химна пред охридскиот Основен суд под слоганот “Денес над Македонија се раѓа ново сонце “…
Тони Mенкиноски седна на обвинителна клупа оти за христијанскиот празник Водици, на бедемот на Самоиловата тврдина го постави 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш.
Полицијата против Менкиноски поведе прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир.
Јас го поставив знамето со 16 кракото сонце од Кутлеш, истакна адвокатот Менкиноски во својот исказ пред судот. И покрај што беа уредно поканети, во судницата не се појавија претставници на МВР.
“Очигледно дека МВР бега од средба и пулените на Оливер Спасоски не дојдоа денеска да ни објаснат како тоа ние сме го нарушиле јавниот ред и мир. Јас не се чувствувам воопшто виновен, да горд сум со тоа што го истакнав македонското знаме,но не се чувствувам виновен дека сум го нарушил јавниот ред и мир.Не постои ниту еден закон, меѓународен договор, билатерален, или мултилатерален кој може да ме спречи мене како македонец да не го развеам македонското знаме” –рече Менкоски.







