ДУИ го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се поклони пред спомен кулата во Слупчане изградена во спомен на загинатите припадници на ОНА не да го повикува обвинителот во случајот „Феникс“ да поведе предистражни постапки за спомениците во Слупчане, Зајас и во Коларе.
„Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени. Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за * Македонија“, се вели во реакцијата од ДУИ.
Од партијата на Ахмети порачуваат наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на Албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по свое убедување.
„Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик. Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане“, велат од ДУИ.
Jaвното обвинителство пак, преку соопштение ги повикува политичките партии да не ја злоупотребуваат во политички цели истрагата за предметот „Феникс“ и потсетуваат на пораката од Стејт департментот за политичко немешање во судството.






