Сите граѓани мора да знаат македонски јазик, Македонците не мора да знаат албански јазик (ВИДЕО)

Пратеничката проф. Силјановска во дебата во Собранието вели дека кога зборува за ситуацијата во Македонија и уставните права и обврски не ја интересира Косово и други примери туку дека за Македонија е важно дека секој македонски граѓанин мора да го знае македонскиот јазик.



Оваа обврска според уставот и законите за граѓаните не важи и за албанскиот јазик, објаснува професорката:

📌 Право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик. Таква обврска не постои за албанскиот јазик❗️

ℹ️ Пратениците МОЖЕ да се обратат на пленарните седници и работните тела во Собранието и на јазикот што го зборуваат 20%, законите ќе се објават и на јазиците на 20%.

➡️ „Може“ значи дека со закон ќе се одреди начинот на употребата, мора да биде во рамките на Уставот, што значи само поединците можат да одлучат дали ќе го употребуваат или не.

➡️ Да, потсетам: во Законот за употреба на македонскиот јазик е утврдено дека : „право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик“.

➡️ Според Рамковниот договор, пратениците од заедницата што брои 20%, на пленарните седници и во работните тела може да се обраќаат и на својот јазик.

Целото експозе во видеото