Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Драган Илиевски им издал наредба на
Вработените во ЈП „Водовод“ не смеат да даваат никакви информации од претпријатието, а во спротивно ќе сносат последици, наредил директорот Драган Илиевски, објавува СакамДаКажам.
Наредбата била испратена до сите вработени на 26 јуни, а на неа стои потпис на в. д. директорот Илиевски.
„Со оваа наредба се задолжуваат сите вработени во претпријатието дека на трети лица кои не се вработени не смее да им даваат податоци кои содржат лични податоци, документи, договори за вработување или други правни акти. Доколку истите се побарани од членови на Управен или Надзорен одбор на претпријатието, единствено лице кое може да ги достави на увид е директорот на претпријатието или лице овластено од него. Непочитувањето на оваа наредба повлекува одговорност заради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски“, се вели во наредбата од в. д. директорот Илиевски.
Порталот потсетува дека ваквата наредба се коси со начелото за еднаквост од член 5 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси кој гласи:
„Секој има право да спречи или пријави корупција или извршување, односно пропуштање на дејствие што претставува искористување на функцијата, јавните овластувања, службената должност или положба за да се нанесе штета на друг, без да трпи било какви последици“.





