Во текст со наслов “Мајките” на корупцијата проевропјани и проамериканци”, уредникот на информативниот портал на албански јазик ИНА онлајн Насер Пајазити ги опишува луѓето во власта на СДСМ и ДУИ кои се обидуваат да се прикажат како поддржувачи на американизмот и европјанизмот додека преку своите блиски луѓе прават милиони за себе и своите семејства од парите на граѓаните.

,,Секојдневно ги гледаме следбениците на корупцијата или „мајките“ на корупцијата!
Се однесуваат како камелеони, корумпирани до срж, а во своите шеми внесоа и синови, внуци и внуки, за да си ги кријат трагите, но и за да создадат алиби со ‘аџамии’ милионерите!
Од друга страна, по цел ден се прокламират и се прават ПРОЕВРОПЕЈЦИ, ПРОАМЕРИКАНЦИ и праваат секакви акробации, да личат на спасители и визионери!
Нивниот проамериканизам и проевропјанизам вреди колку тие знамиња од 1 евро на трговците на Бит пазар.
‘Ага’ милионерите ‘ који живеат меѓу сиромашните, на кои дури им ги извадија гаќите.
Да, овие корумпирани милионерчиња кои излегоа од овој народ искраден до срж и денес се прават милосрдни”, пишува уредникот на ИНА кој дообјаснува дека по нивните стапки со слични шеми доаѓаат и неокорумпирани кои се дел од истата шема на класичните дамки на корупција.
,,Тие се навикнати на овој народ заробен и заробен од заборавот.
Овој народ брзо заборава, критична маса нема, а ѓубрињата на корупцијата ја научија формулата со фразата „сето тоа трае два-три дена“!
Не знам до кога ќе трае!”, се прашува Пајазити во својот текст кој најпластично ја објаснува ситуацијата во која се наоѓа Македонија, луѓето во власта да се кријат зад САД и ЕУ и да го прават тоа што во САД и во ЕУ може да ги одведе во затвор.






