Албанскиот премиер Еди Рама, на големата свеченост, организирана во чест на поранешниот американски претседател Бил Клинтон кој е во дводневна посета на Тирана, оцени дека неговиот придонес за мирот, стабилноста и иднината на нашиот регион ќе остане драгоцено наследство на страниците на историјата.
„Донесовте историска одлука за ослободување на Косово и ја одредивте иднината на Балканот“, оцени тој.
На церемонијата на чествувањето на 42-от претседател на САД Бил Клинтон со „Голема ѕвезда на јавната благодарност“, премиерот Рама рече дека никогаш не му било потешко од подготовката на овој говор, пренесе Независен.
„Вие сте најалбанскиот претседател што некогаш можевме да го најдеме во Америка и со најголема почит кон сите претседатели на вашата благословена земја, вашето место во срцето на нашата нација е местото каде што стои најголемиот пријател на честа“, нагласи Рама.
Заблагодарувајќи се на покажаната голема почит Клинтон рече дека „останал без текст“ и дека „овој момент ќе го чувам до крајот на својот живот како богатство“ порачувајќи „престанете со глупостите на северот на Косово, хуманизмот вреди повеќе“.
Исто така им порача на Албанците никогаш да не се потценуваат. Некогаш рече беше мрачна затворена, а денес отворена врата.
„Со многу земји раководат луѓе кои повеќе претпочитаат доминација отколку соработка. Се надевам дека Албанија на големи и мали начини ќе може да му каже на светот за сеопфатна иднина. Не сакам никогаш да се потценувате. Сега како човек кој ја доживува вашата земја се чувствувам малку повозрасен, малку поинтелигентен, малку повеќе подготвен да останам. Знам дека сè уште имате проблеми, ние сме апсолутно свесни дека има предизвици“, рече тој.
Сопругата на Клинтон Хилари ја посети Албанија пред 11 години, кога беше шефица на американската дипломатија.
Клинтон беше претседател на Соединетите Американски Држави од 1993 до 2001 година и имаше клучна улога во НАТП бомбардирањето на СР Југославија во 1999, кое доведе до повлекување на српските сили од Косово.
Силите на НАТО влегоа на Косово на 12 јуни 1999 година.







