Менкиноски бара МВР да дојде на суд: Не ми се суди мене туку на сите Македонци што ја почитуваат нацијата

Адвокатот Тони Менкиноски кому утре во судот во Охрид му се суди за истакнување на знаме со сонцето од Кутлеш бара МВР на второто рочиште да се охрабри и да дојде пред судот кој заседава на барање на МВР на Оливер Спасовски.



Менкиноски кој има две пријави за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш во изјава за expres.mk вели дека не му се суди нему туку на сите Македонци што ја почитуваат својата нација, историја и култура.

,,Утре не ми се суди на мене, Тони Менкиновски, туку им се суди на сите Македонци кои ја почитуваат својата историја, култура, фолклор, предци и иднина. Утре ќе им се суди на сите што загинале за знамето со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Утре ќе им се суди на Македонците во Бугарија, Грција, Австралија и многу други земји кои го имаат само ова знаме како симбол за припадност кон македонската нација”, вели Менкиноски за процесот пред судот во Охрид.

Тој очекува припадниците на МВР кои ја поднесе пријавата со која на Македонците има се забранува да го користат етничкото знаме утре да дојдат и да не се кријат зад судот.

,,Се надевам дека утре луѓето кои по наредба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесоа пријава против мене ќе се охрабрат да дојдат во судот за да јавно ги бранат своите обиди за уништување на македи
Онскиот етнички и национален симбол. Никој не може да суди цел еден народ и неговите симболи.

Ние сме веќе победници во битката што власта на СДСМ и ДУИ ја води со цел да го уплашат македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија. Нема да им помине”, вели Менкиноски за expres.mk.

Што порача Менкиноски на првото судење во Охрид