Заминувањето на Алијансата за Албанците не ја дестабилизирало Владата тврди премиерот Заев.
Тој во интервју за порталот МКД.МК порачува дека нема да дозволи Македонија да стане повторно заложник на политичките амбиции на поединци или на политички партии.
-Премногу е свежа таа лекција за да се однесуваме како да не сме ја научиле. Планот 3-6-9 и спроведувањето на реформите не е, и не смее да биде предмет на пазарење. Тоа ни е билетот за возот што ќе нè однесе во ЕУ и НАТО, а тоа е побитно и од ДУИ и од Алијансата и од СДСМ и од Заев, и од кого било од владејачкото мнозинство. Ако реформите и мирниот и квалитетен живот на граѓаните се пред сè и над сè, тогаш не треба да постои пречка тие да бидат прифатени и поддржани и од пратеници што до сега не беа дел до владејачкото мнозинство – посочува премиерот.
За нападите од Зијадин Села, според кого концептот „едно општество за сите“ е голема лага, вели дека се лицемерни. Таравари обвинувал а самиот правел партиски чистки
“Го слушам градоначалникот, зборува за заедништво, а ги смени сите директори и постави партиски луѓе. Го потврди фактички ВМРО-ДПМНЕ. Не сум дал инструкции, ниту имам намера. Апелирам на соработка од секаков вид во функција на доброто за граѓаните на Гостивар. И тоа важи за сите општини. Немам предрасуди, сите градоначалници ми се еднакви, секој град, село, граѓанин, зашто навистина верувам во концептот едно општество за сите. Тоа е можно во Македонија. До пред 1-2 или три години не беше можно”, вели Заев.





