39-годишна родилка од Скопје, откако родила здраво машко бебе, синоќа се фрлила од прозорец на првиот кат на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во главниот град, соопшти ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.



Според сознанијата на Фактор, кои ги потврди и директорката на Клилниката за гинекологија, Викторија Јовановска, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена операција, бидејќи имала тешки повреди на цервикалната кичма.

„Пациентката итно е пренесена на КАРИЛ во придружба на дежурната екипа, а немилиот настан е веднаш пријавен во надлежните институции кои излегоа веднаш на терен за разјаснување на случајот. ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје жали за немилиот настан и се надева на брзо закрепнување на пациентката“, соопштија од ГАК.