Внукот на Ахмети не е најмоќен бизнисмен во кланот на Али, зетот од Ѓаковица врти поголеми бизниси (ВИДЕО)

Косоварот КУШТРИМ СМАЈЛАЈ кој е зет на Али Ахмети за ќерката Ускана е веројатно најмоќниот член на кичевскиот клан на лидерот на ДУИ.



Малку познатиот зет Смајлај како што објави емисијата КОД со Снежана Лупевска Созен е човек кој за разлика од внуците Дрин и Бесијан работи со реални пари и освен што е газда на градежна компанија има и заедничка фирма со бизнисмен од Кичево кој годишно како сосопственик заработува над 100 милиони евра.

Бизнисот на зетот на Ахмети, кој е од Ѓакова или Ѓаковица на Косово, има седиште во општина Карпош на адресата на Пуцко Петрол, каде газда е пратеникот на ДУИ и еден од најголемите бизнисмени со нафта и нафтени деривати Исмаил Јаоски.

Партнерот на зетот на Ахмети во една од неговите фирми е кичевецот
Ерџан Сулкоски кој е ко-сопственикот на фирмата РКМ на Ратко Капушевски преку која лани тие наплатиле фантастични над 100 милиони евра за мазут за државната компанија ТЕЦ Неготино.

Истражувањето на КОД

Делот од истражувањето само за зетот на Ахмети