Папата Франциско лут и згрозен од палењето на Куранот во Шведска

Папата Франциско изјави дека палењето на светата книга на муслиманите, Куранот, го налутило и згрозило, пренесува „Ројтерс“.



„Секоја книга што се смета за света мора да се почитува за да се почитуваат оние што веруваат во неа“, нагласи Папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад“.

„Се чувствувам луто и згрозено од овие постапки“.

„Слободата на говор никогаш не треба да се користи како средство за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е за отфрлање и осуда“, категорично рече поглаварот на Римокатоличката црква.

Минатата недела маж искина и запали Куран во главниот град на Шведска, Стокхолм.

Имаше силна реакција од неколку земји, вклучително и Турција, на чија поддршка Шведска смета за членство во НАТО.

Иако шведската полиција одби неколку барања за одржување демонстрации против Куранот, но судовите ги отфрлија овие одлуки со образложение дека тие ја нарушуваат слободата на говорот.

Вчера група од 57 немуслимански земји повикаа на колективни мерки за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и истакнаа дека меѓународното право мора да се користи за да се стави крај на верската омраза.