„Јас го разбирам министерот за надворешни работи Бујар Османи кога вели дека е песимист дека работите во судството нема да можеме сами да ги средиме, туку дека ни треба ЕУ да ни ја заврши домашната задача.
ЕУ веројатно треба да ни донесе и нови министри, нови градоначалници, нови административци, нови пратеници, нови лидери, нов живот…“, пишува новинарот Ѕвездан Георгиоевски во колумна за „Призма“.
Вчера, министерот Бујар Османи нагласи дека уште еднаш, прашањето на отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ станува клучно, не само за општата перспектива на државата, туку и за внатрешните процеси.
„Губам надеж дека сами ќе можеме да го поправиме судството. Единствена надеж гледам во отворање на Поглавјата 23 и 24 и вклучување на механизмите на Европската Унија во тој дел“, изјави министерот на прес конференција во МНР.







