,,Дезертери, дезертери” – Моментот кога Ковачевски и Маричиќ кршат важна демократска процедура (ВИДЕО)

Во четвртокот во македонското Собрание се случи еден немил настан и прекин на демократска процедура која во демократските парламентарни системи е знак дека има демократија и отчетност на владата пред народните претставници.



Инцидентот кој остана малку забележан поради премногу скандали во владата се случува откако пратеничката Дафина Стојановска реагира на одлуката на премиерот Ковачевски во иднина поради навреди од пратениците да одговара само писмено на пратенички прашања.

Стојановска укажува дека Ковачевски според деловникот мора да одговара усно а само по исклучок може да одговори писмено во рок од 20 дена но тоа не го премислува Ковачевски по што тој и владата ја напуштаат седницата на која треба да одговараат на прашања на пратениците.

Претседавачот и потпретседателот со Собранието во тој момент Горан Мисовски наместо да ја предупреди владата дека има обврска да одговара на прашања ја прекинува седницата.

Стојановска ваквото однесување на Ковачевски го толкува како дезертерство.

На видеото е моментот кога Ковачевски и Маричиќ кршат важна и долга демократска традиција која во нормална држава е доказ дека извршната власт е потчинета на законодавната и на народните претставници.

Како Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции во Брисел ќе го објасни бојкотот на владата кон пратениците е прашање за милион долари.

Видеата од инцидентот на овие линкови

https://fb.watch/lxyEj6Jg5F/?mibextid=Nif5oz

https://fb.watch/lxyIc4LgQ6/?mibextid=Nif5oz