Обид за убиство се случил синоќа за време на петтата ноќ од немирите во Франција, кога непознати лица намерно се забиле со автомобил во домот на градоначалникот на L’Haÿ-les-Roses, едно предградија на Париз, и го запалиле возилото додека неговото семејство спиело.
Градоначалник, Винсент Жанбрун, соопшти дека биле повредени неговата сопруга и едно од децата.
Државното обвинителство отвори истрага за обид за убиство, јавуваат медиумите.
Градоначалникот ноќта ја минал во градското собрание, кое било опкружено со бодликава жица и обезбедено од полицијата поради обид за напад по неколкудневни улични немири.
Но, полицијата во моментот на нападот не ја обезбедила зградата во која спиеле сопругата на градоначалникот и двете мали деца, па напаѓачите го забиле автомобилот во вратата од куќата, а потоа го запалиле и автомобилот на семејството на градоначалникот и неколку канти за ѓубре.
Сопругата и децата на Жанбрун побегнале низ градината додека напаѓачите фрлале кон нив пиротехнички средства, јавува ТВ Франсинфо.







