Зеленски: Путин е во поголема опасност од мене!

Претседателот Володимир Зеленски е убеден дека животот на рускиот претседател Владимир Путин е во поголема опасност од неговиот.



Тој ова го изјави за Ел Мундо, додека шпанскиот премиер Педро Санчез вчера пристигна во Киев.

Зеленски беше прашан за неговиот живот како човек кој се соочува со „најголемата закана во светот“.

Според него, во моментов во најголема опасност се Украинците кои веќе една година се во рововите, затоа што секоја секунда има ризик по нивните животи.

„Но, уште е поопасно за Путин отколку за мене“, рече Зеленски и објасни:

„Само во Русија сакаат да бидам убиен“ – рече Зеленски – „додека за него (за Путин) тоа сакаат тоа низ целиот свет“.

На почетокот на војната во февруари 2023 година, украинското разузнавање објави дека имало неколку обиди за атентат врз украинскиот претседател.