Полицијата во градот Балтимор истражува масовно пукање. Извештаите укажуваат дека пукањето се случило за време на собир во близина на Бруклин Хомс.
Првите извештаи покажуваат дека повеќе луѓе се убиени, а десетици други се повредени, јавуваат локални медиуми.
Најмалку четири лица загинаа, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми. Тие се повикуваат на локални функционери и сведоци.







