Новинар го прозива Пендаровски да ги каже луѓето врзани со руските служби

Новинарот Љупчо Николовски го розива претседателот Стево Пендаровски, со конкретно наведување на имиња на партии и да го потврди своето тврдење дека „во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби“.



Пендаровски откри „руска врска“ во МПЦ-ОА

И, тоа не е прв пат да се слушне од него“, пишува Николовски за порталот Zoom.mk.

„Ако е така, крајно време е претседателот Пендаровски да каже кои се тие политички партии што се под руско влијание, затоа што Македонија е на распаќе, дали ќе продолжи по европскиот пат или овие сили сакаат да ја одвлечкаат на исток во руска прегратка.

Не е прифатливо објаснувањето дека “во јавноста не може да се сподели информација за имињата на оние кои се поврзуваат со руските служби, бидејќи тоа се сензитивни работи”.

Ако станува збор за сензитивни работи, како што тврди Пендаровски, дотолку повеќе граѓаните треба да знаат кои се тие луѓе што во јавноста шират антиевропска пропаганда.

Ако безбедосните служби тоа го знаат, а не преземаат ништо, стануваат соучесници во лагите што им се презентираат на граѓаните“предупредува Николовски.

ПОВЕЌЕ