Претседателот со 0,2 % рејтинг доби 10 лајка за 3 часа, по 1 на секои 18 минути

Претседателот Пендаровски кој тврди дека странски служби сакаат да му урнат рејтингот, а кој на последната релевантна анкета на Маркет Вижн доби 0,2 % поддршка, доживеа дебакл на социјалните мрежи.



За својот последен статус на социјалната мрежа Твитер имаше само 10 лајка за првите 3 часа, или по 1 допаѓање на секои 18 минути.

Овие бројки споредбено се добри само за премиерот Ковачевски или вицепремиерот Маричиќ кои понекогаш имаат и помалку лајкови.

Пендаровски во твитот поставува чудна теза според која македонците опстанале затоа што биле Македонци кои говорат македонски јазик.