„Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот неговиот однос со граѓаните коишто го избрале“, вели Бујар Османи на прашање за „црната листа“ на САД на која се најде струшкиот градоначалниук..
„Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале“ вели министерот за надворешни.
Вели дека во однос на партиските функции, од ДУИ го кажале нивниот став дека бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции на Рамиз Мерко во партијата.
„Тоа е најдобриот одговор што можеме да го дадеме во моментот.
Градоначалниците се избрани на директни избори… Не се неговите гласачи само од ДУИ, и Македонци, и Албанци, и од сите други политички. Тоа однос меѓу градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат“ вели Османи.






