56-годишен маж синоќа во село во општина Брезница кај Вараждин, со активирање на рачна бомба ја убил 48-годишна жена и себеси.
„Во петокот, околу 23 часот и 40 минути, , 56-годишен маж со активирање на рачна бомба убил 48-годишна жена и себе си. Државен правобранител во Вараждин со стручна помош од полициски службеници“, изјавија од полициската управа во Вараждин.
Телата на починатите се пренесени во Одделот за патологија на Општата болница во Вараждин, каде што ќе биде извршена обдукција, се додава во соопштението.
Во тек е истрага со цел да се утврдат сите околности на трагичниот чин, соопшти полицијата.






