Премиерот Ковачевски мисли дека направил економски пресврт

Исплата на пари од државната каса во висина од по 56 илјади евра во просек на над 400 компании е главниот аргумент зошто премиерот Ковачевски мисли дека власта направила економски пресврт.



Каква врска има давањето на државни пари на приватни субјекти (од кои добар дел се блиски на СДСМ и ДУИ) со економската ситуација премиерот не објаснува.

Освен ако не мисли дека направил економски пресврт за себе, својата сопруга, внуците на Ахмети и своите сопартијци Ковачевски има сериозен проблем соодветно да ја оцени ситуацијата во која Макеоднија води или е во врвот на неколку негативни економски параметри како инфлација, економски раст, странски инвестиции, задолжување ….

,,Со конкретни мерки успеавме да направивме економска пресвртница и во најголема светска криза ја одржавме ликвидноста на компаниите.

Само за една година се исплатија рекордни 23 милиони евра кон 410 компании.

Владата гледа партнер во компаниите”, објавува Ковачевски иако предходно Стопанската Комора на Македонија даде неколку јавни изјави дека владата предизвикува хаос во економијата.