Дрин Ахмети бил и иноватор, а не само успешен претприемач

Внукот на Али Ахмети, кој од неодамна стана сопственик на 39% од бизнис-центарот „Сораваија“ за што не плати „ни 1 евро“ туку делот го доби благодаренуие на неговите претпориемачки способности, се чини, бил и – иноватор.



Имено, на јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации, открива МКД.Мк.

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).

Инаку, на социјалните мрежи се споделени фотографии од кои може да се види дека директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, е во блиски односи со семејството Ахмети.