Шпанија го презема претседавањето со ЕУ, премиерот Санчез во Киев

Шпанија ќе го преземе шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на ЕУ од Шведска во денеска (1-ви јули), во услови на неизвесност околу влијанието на претстојните домашни избори во земјата врз нејзините приоритети.



Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе го започне своето претседателство со итно патување за Киев оваа сабота. Ова ќе биде негов трет пат во Украина од почетокот на војната.

Од 1 јули Шпанија го презема претседавањето со Советот на Европската унија на шест месеци.

Главните приоритети на шпанското претседателство се следните:

  • Реиндустријализација на ЕУ и гарантирање на нејзината отворена стратешка автономија
  • Напредок во зелената транзиција и адаптација кон животната средина
  • Промовирање на поголема социјална и економска правда
  • Зајакнување на европското единство