Министерот се пофали со нов извод издаден според негово „упатство“

Министерот за правда Кренар Лога, неодамна донесе одлука во изводите да има графа за припадност на етничка заедница, поради што секој што вади нов извод мора да се изјасни на коа заедница ѝ припаѓа.



Тој на својот фејсбук-профил објави фотографија од тазе извадениот извод од Матичната книга на родените. Во него е напишано дека тој е Албанец, а изводот е двојазичен и уште на него се гледа дека матичарот бил извесен Мусли Реџепи.

Меѓутоа одлуката на министерот , според бројни реакции, е недозволива и претставува мешање на државата во чувствата на граѓаните во едно граѓанско општество.

Левица поднесе иницијатива за оценка на уставноста на ваквата одлука,односно на Упатството за матична евиденција.

Уставниот суд по своја иницијатива одлучи да ја оценува уставноста и експресно закажа прва седница веќе за 6 јули. Во изјава на брифинг со новинарите, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска изнесе свое мислење дека се работи за неуставна одлука.