Анализа: Самракот на македонското правосудство

Секојдневните скандали што се појавуваат во јавноста и критиките на странските претставници во земјава што следуваа поради непостапувањето на
судските органи покажуваат дека нишките што го поврзуваат правосудниот систем одамна се распарани по сите шевови, почнувајќи од врвот, па кон подножјето.
По објавувањето на името на струшкиот градоначалник на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент, веднаш како да „се раздвижија“ судските органи и почнаа да излегуваат со изјави дека „и тие од претходно имале оформени предмети“, но не даваат одговор зошто по нив не е постапувано?! – анализира Нова Македонија.




Имено, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) неодамна обелодени дека за струшкиот градоначалник доставила предмет до Јавното обвинителство уште во 2019 година, но овие предмети мистериозно завршувале во нечии фиоки без да има некаков судски епилог. ДКСК се жали дека уште многу нивни иницијативи завршуваат во фиоките на Обвинителството и дека со години некој намерно ја опструира работата на антикорупционерите.
Кога пред некој ден австрискиот амбасадор Георг Вуцас посочи конкретен предмет за судско непостапување, одеднаш основните јавни обвинителства во Гевгелија и во Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје, соопштија дека „водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриска фирма“. Зарем требаше австрискиот амбасадор да излезе во јавност, за да почне (вистинското) постапување по предметите?!
А зар треба да претпоставиме дека и Уставниот суд, поттикнат од шумот што го крена австрискиот амбасадор, инстантно реагираше и побрза да ја брифира јавноста дека „ќе ја интензивира својата работа така што веќе во септември или октомври пред уставните судии ќе се најдат иницијативите за оцена на уставноста на Преспанската спогодба и на Законот за употреба на јазиците, кои досега вешто се чуваа во фиоките и се избегнуваше секаква расправа за овие чувствителни теми“?!

Линк до целата анализа.