Шолц може да „гарантира“ од свое име, но не и за другите држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Димитер Ковачевски ја лаже јавноста, бидејќи Шолц не кажа дека нема да има нови условувања од страна на Бугарија, туку изрази свое мислење дека не треба да има.



„Тоа не се никакви гаранции, како што зборува СДСм“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ковачевски се бламира на јавна сцена, и единствено што прави е тоа што ја срами Македонија.

Шолц и било кој политичар во Европа може да гарантира за себе, но не и за сите држави, и европски институции. Гаранција од ЕУ институциите немаме.

Гаранциите на Ковачевски се само сеење ветер и магла, како што беа тие за договорот од Нивици, па сега гледаме како Македонија на официјалната страна на владата на Германија е ословувана како Nordmazedonien.

Ковачевски и Османи да кажат која е таа земја?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.