Трамп: Можеби Киев треба да отстапи дел од територијата – за мир

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека рускиот претседател е „донекаде ослабен“ и дека сега е време САД да се обидат да посредуваат во мировниот договор меѓу Русија и Украина.



„Сакам луѓето да престанат да умираат поради оваа смешна војна“, рече Трамп во телефонско интервју за Ројтерс.

Трамп не ја исклучи можноста владата во Киев да мора да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да ја запре војната што започна со инвазијата на Украина од страна на руските сили пред 16 месеци.

Тој рече дека за сè би можело да се преговара доколку тој беше претседател.
Тој смета дека Украинците би имале право да задржат голем дел од заслуженото, а мислам дека на тоа би се согласила и Русија.

Ви треба вистински посредник, односно преговарач, а ние во моментов го немаме “, вели Трамп.

Ова е спротивн од ставот на американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците во НАТО кои бараат Русија да ја напушти територијата што ја зазеде во источна Украина.

„Мислам дека најголемата работа што САД треба да ја направат во моментов е да постигне мир – да ги спои Русија и Украина и да постигне мир.

За Путин, Трапм вели дека „е сè уште силен, но сигурно е, би рекол, донекаде ослабен, барем во главите на многу луѓе“

Меѓутоа, ако Путин повеќе не е на власт, „не знаете која е алтернативата. Може да биде подобро, но може да биде и многу полошо“, рече Трамп.

Во врска со обвиненијата за воени злосторства поднесени против Путин од страна на Меѓународниот кривичен суд минатиот март, Трамп рече дека судбината на Путин треба да се разговара кога војната ќе заврши „бидејќи токму сега, ако го изнесете, никогаш нема да постигнете мир, никогаш нема да постигнеме договор“.