Михаил Гаревски, Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени кој ја правеше експертизата на мостот „Беласица“ вели дека оштетувањата се мали и ќе треба лесна санација, но кочница се цевките за парно.



Од ЕСМ на прашање од „Сител“ со одговор стар десетина дена, – дека во тек се подготвителните активности.

Според Гаревски, ќе биде потребен месец и половина само за да се тргнат цевките, и тоа под услов да почнат утре, па дури потоа да почне санацијата.

„Ќе бидат потребни најмалку 3 до 4 месеци додека целиот мост не биде саниран. Задачата ми беше да ја направам оваа експертиза и да го класифицирам оштетувањето на мостот, но јас сакам да помогнам и сакам да се вклучам. Еве на некој начин сугерирав една фирма кој има машини за трокретирање на бетон. Добро ќе биде ако на почетокот или средината на септември може да се вози по мостот“ – Михаил Гаревски, Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени

Мостот Беласица вчера требаше да биде и главна тема во градското собрание, но Арсовска не дојде. 15 минути пред да почне седницата испратила допис во кој вели дека не и одговарал терминот и дека нема да се појави.