Македонско движење од САД: Османи нема право да разговара за нашето име

Македонско движење за човекови права од Њујорк и Њу Џерси му порача на потпретседателот на Владата, Бујар Османи, дека нема право да разговара за македонската нација и за промена на името.



„Тажно е тоа што вицепремиерот на Република Македонија за европски прашања Бујар Османи ќе ја посети Атина за да се сретне со господинот Коѕијас и да разговара за промена на името на Македонија. Господинот Османи и сите Албанци во Македонија се добро почитувани. Тој нема право да разговара за македонската нација и за промена на името“, се огласи Движењето на „Твитер“.