Спротивставени инфомации за пораката од германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Берлин.
Според изјавите и соопштението на СДСМ и медиумите блиски или под контрола на СДСМ Шолц дал јасни и силни гаранции дека нема нови условувања за Македонија.

,,Посетата на Димитар Ковачевски на Германија, донесе дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина. Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека нови услови, нови пречки на европскиот пат нема да има”, рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
Во насловот на своето соопштение СДСМ зборува за ,,Гаранции на Шолц дека нема нови условувања за С.Македонија по средбата со Ковачевски.

Во реалноста Шолц рекол нешто сосема друго, дека тој смета дека не треба да има други услови освен тие што се дел од пристапните преговори но не да а гаранција дека тоа ќе се случи.
,,Шолц нагласи дека пристапните преговори за Северна Македонија кон ЕУ треба да се одвиваат по редовен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ, дека тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да има други што се однесува до билатералната состојба меѓу Северна Македонија и Бугарија”, објави германскиот државен сервис Радио Дојче Веле на македонски јазик.

Изјавата на Шолц во која тој без да даде гаранции вели дека не треба да има нови услови за Македонија, која пренесена од Дојче Веле всушност открива дека СДСМ и медиумите блиски на партијата на власт ја манипулирале јавноста и прикажале поинаква порака од таа што ја дал првиот човек на германската влада.
Во својот твит за средбата Шолц не пишува ништо за гаранции дека нема да има екстра услови туку дека Македонија сега започнува реформи.
,,Сериозни сме за перспективата на ЕУ за земјите од Западен Балкан. С.Македонија започнува важни реформи за пристапниот процес. Тоа го гледаме многу јасно. Ви благодариме за посетата, Ковачевски”, напиша Шолцц на Твитер.
Фото: Влада на РМ





