Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази откако вечерва загуби од Игокеа со 77-68 по што остана убедливо последен на табелата. За МЗТ ова е 11. пораз во серија , додека Игокеа ја постигна 6. победа. Кошаркарите на Игокеа во поголемиот дел од натпреварот имаа предност, додека МЗТ Скопје само кусо имаше предност. Во целото второ полувреме Игокеа имаше сериозна предност, а во финишот на дуелот разликата беше и двоцифрена.
Најефикасен на дуелот беше Марко Љубичиќ од Игокеа со 21 постигнат поен, додека кај кај МЗТ се издвои Дамјан Стојановски кој постигна 14 поени.




