Овчаров: Се разбира, впишувањето на Бугарите во Уставот е важен момент, но тоа не е крајот

Бугарскиот археолог и историчар Николај Овчаров ги потврдува стравувањата во Македонија дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е само почеток, а не и крај на условувањата од Софија за евроинтеграцијата на Скопје.



„Не е расчистен (патот на Македонија до ЕУ – н.з.). Тој Компромис 18 не случајно е извртен до тој степен што на крајот не знаеме за што станува збор во него. Таму има 33 амандмани и испаѓа дека ги содржат сите останати работи што се важни за Бугарија. И јазикот на омразата, и јазичните спорови, прашањето за историјата – историската комисија сè уште не е затворена, а се надевам дека нема да биде. Токму овие работи ние мораме да продолжиме да ги зборуваме, да бидат скриени во тие митски компромиси. Се разбира, влезот во Уставот е важен момент, но тоа не е крајот. Тоа е кажано и во договорот и во францускиот предлог итн. Се вели дека во секое преговарачко поглавје ќе можеме да зборуваме за нештата – тие мора постојано да бидат поставувани“, вели Овчаров во интервју за бугарскиот дневен весник „Труд“.