Ковачки: По скандалот со „Соравиа“, институциите си ја префрлаат одговорноста, тие се во едно мртвило

Наместо да работат и да го проверат случајот „Соравиа“ – институциите си ја префрлаат одговорноста, тие се во едно мртвило, вели во гостувањето на „За или Против“, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување на Алфа.



Мора да се испитаат трансакциите. Како тоа немало трансакции, а е купена „Соравиа“, вели Ковачки во гостување на Алфа. Тој јавно праша нНа кој начин е купен бизнис деловниот објект „Соравиа“? Како може фирма со загуба да купи центар од 30 милиони евра. Од каде се тие пари? На тоа треба да одговори премиерот. Тој мора да одговори на јавноста, не смее да бега. Тој го предложи Оливер Спасовски за министер за внатрешни.

авниот обвинител е предлог на ДУИ, близок пријател на фамилијата Ахмети. Ние не видовме Владата, премиерот јавно да го повика Али Ахмети да каже јавно што е проблемот, јавно да каже за што се работи, а не да се кријат сите. Ако јавноста лаже, нека кажат тие што е вистината, а не да бегаат од одговорност, вели Ковачки во гостување на Алфа.

Тој додава дека одговорност мора да има, и тоа час поскоро, ако нема, вели ќе си ја изгубиме сопствената држава.

Ова е фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.