Илија Манасиев е новиот медијатор – Ќе ги помири Синдикатот и раководството на УЈП?!

Илија Манасиев е новиот помирувач меѓу Синдикатот и раководството на УЈП. Предлогот е веќе доставен до Министерството за труд, кое во текот на денот треба и официјално да го назначи. Манасиев во наредните 3 дена, односно до понеделник треба да закаже состанок меѓу Синдикатот и директорот на УЈП, каде ќе се бара начин за зголемување на платите од 30%. До тогаш, вработените продолжуваат со протести во траење од два часа. Ако не постигнат договор, од вторник стапуваат во генерален штрајк.



Владата скрои конкретен предлог, каде ќе понуди зголемување на платите на цел јавен сектор. Покачувањето би се реазлизирало веднаш, а во следните 2,5 години платите ќе растат согласно порастот на просечната плата и трошоците за живот. Се прават калкулации зголемувањето да биде до 10%, колку што предложи ММФ. Се што е над тој процент би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, наведуваат од Меѓународниот Фонд.

Останува овај предлог колективен договор да го прифати и Сојузот на синдикати, по што ќе важи за сите државни институции, меѓу кои УЈП и Царина.