Пендаровски сигурен дека нови барања од Бугарија не се дозволени

Според претседателот на државата, Стево Пендаровски нови барања од Бугарија не се дозволени. Вели дека нашиот пат кон Европа е јасен и станува збор за преговарачката рамка која ја усвоиме лани. Тој ги искоментира и тврдењата на бугарскиот претседател Румен Радев кој рече дека не се само уставните измени барање за да може Македонија да преговара со ЕУ. 



Пендаровски рече дека за време на неговата посета на Подгорица оствариле куса средба со бугарскиот колега Румен Радев, на која не разговарале за оваа тема, но во однос на неговата изјава посочи дека станува збор за „рециклажа на старата бугарска приказна“.

„Така што, мислам дека Бугарија е последната држава членка на ЕУ која нам може да ни држи предавања за тоа кои се и што се, и што претставуваат копенхашките критериуми, имајќи во предвид дека Бугарија е држава членка на Советот на Европа која има најмалку почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Ние многу добро ги знаеме копенхашките критериуми и тврдам дека Македонија е најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, која во моментот започнува преговори“, додаде Пендаровски. 

Но, со ставот на претседателот не се согласуваат ниту експертите кои не изразија надеж дека ова ќе боде последно барање на источниот сосед за македонските евроинтеграции.