Најмалку 118 од највлијателните политичари во САД – претседатели, пратеници од последниот состав на Конгресот, гувернери и судии од Врховниот суд, имаат претци кои биле робовладетели, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Џозеф Бајден и сите живи поранешни претседатели на САД, освен Доналд Трамп, се директни потомци на сопствениците на робови.
Предците на Џими Картер, Џорџ Буш, Бил Клинтон и Барак Обама поседувале робови, покажа истражувањето.
Агенцијата нотира дека најмалку 100 членови на сегашниот Конгрес имаат предци кои ги држеле Афроамериканциуте како робови, а меѓу нив има 28 отсто републиканци и осум отсто демократи.
Меѓу гувернерите, 11 од 50 од нив имаат предци робовладетели, а такви има двајца во Врховниот суд на САД, наведува Ројтерс.







