Опозициската партија реагира на изјавата на вицепремиерот Артан Груби за Сител дека за бизнисите на внукот на Али Ахмети, Дрин“, слушнал „од телевизија“.



„Нема друг пример не во Македонија, туку во светот, каде човек без вложен денар, добива 39% во 30 милионски деловен центар. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети без вложен денар доби 12 милиони евра“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

„И самиот Груби знае дека зад Дрин, стои Али Ахмети, исто како што добро знае за неговите бизниси, зошто и самата влада која без ДУИ не би постоела му дала концесија за мала хидроцентрала.

И додека Албанците чиј чичко не е Али Ахмети се иселуваат, Дрин, само заради претприемачки дух добива милиони на поклон. На Груби и на ДУИ никој веќе не им верува, демаскирани се одамна, а наскоро и ќе одговараат“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.