Македонскиот граѓанин Џими Лазовски роден во Германија со место на живеење Тетово е осуден на глоба од 1800 евра за исмејување и правење подбив со поранешната амбасадорка на САД Кејт Мери Брнз.
Македонскиот суд го осудил Џими Лазовски затоа што лани во април напишал непристоен коментар на Фејсбук за Мери Брнз а државата Македонија го судела за победа на угледот на дипломатски претставник на странска држава во Македонија.
За нарушениот углед на амбасадорката судијката во тетовскиот суд Верка Костоска на барање на тетовскиот обвинителот Башким Хисени досудила 1800 евра казна за Лазовски.
Пресудата во која има низа навредливи сексуални конотации за амбасадорката кои не се за малолетна публика ја објавува професорката Билјана Ванковска.
Најчитани вести
Роднини на Заев за 4,5 милиони евра може да донесат ново вето во ЕУ за Македонија
По ,,Црната листа” од САД дојде и црвен картон од Австрија, гневниот амбасадор бара помош од Јовески





