Патнички авион Иљушин-96-300, кој припаѓа на специјалната летачка група „Русија“, денеска лета на авио рута од Москва до Вашингтон.
Причините за рутата, толку ретка во последните месеци, се уште не се познати.
Белата куќа претходно објави „добри и директни“ контакти со руската страна во текот на викендот.
Во моментот кога е направена фотографијата од специјалната апликација за следење на летови FlightRadar24 рускиот авион кој минал преку Скандинавија се наоѓа во близина на Исланд и лета во правец на западниот брег на САД односно Вашингтон.
Информацијата ја објавува Телеграм каналот
@ukraine_watch






